Религиозни знаменитости
Црквите во Струмица
Црквата Св. Леонтиј од единаесетти век е најпознатиот историски монумент околу Струмица. Месните жители, истотака, го викаат Водоча, што значи вади-очи. Легендата тврди дека тоа било местото кадешто 14,000 војници биле ослепени од Византискиот Император Василие II. Овој манастир се смета како Митрополитско/Епископско седиште во струмичкиот регион. Денес, овој манастир е само за монаси, додека манастирот на Св. Елеуса кој е сосема блиску, е само за монахињи. Фреските во манастирот Св. Леонтиј се добро зачувани, што е чиста среќа, ако се земе предвид дека многу се слични со оние најдени во црквата Св. Софија во Охрид.
Св. Леонтиј
Орта Џамија
Еден од репрезентативните духовно - уметнички светилишта во градот ги представуваат архитектурата и живописот од црквата во старото урбано јадро на Струмица под темелите на исламскиот верски објект Орта Џамија. Опожарени градби од камен и кал го најавуваат постоењето на трикорабна црква од крајот на XI век и почетокот на XII век. Под темелењето на средновековната црква со остатоци од поранешните периоди. Самиот факт дека храмот се наоѓа во старотоградско урбано јадро на Струмица зборува за неговото големо значење и улога за духовната просветеност, негувајки го култот кон Богородица Милостива, дозволува да тврдиме дека токму оваа црква е посветена на Пресвета Богородица.
Орта Џамија
Овој објект со квадратна основа преку пандантифи е споен со голема купола. На овие пандантифи во кружни основи се наоѓаат цитати од Куранот напишани на арапско писмо. Влезот во Џамијата е на западната страна, додека на јужната страна се издига високо минаре.

Турска пошта
Историја за Град Струмица
Струмица за време на Римската Империја
Светите Петнаесет Тивериополски Маченици
Струмица за време на Византиската Империја
Религиозни знаменитости