Местоположба

Струмица од југ граничи со Република Грција, а од исток со Република Бугарија. Разположен е во јужно-медитеранскиот регион. Го сочинуваат 72 населени места, со вкупен број на жители од 92625. Според површината и бројот на населението, регионот има средна големина во земјата. Но неговиот низински дел е најгусто населено подрачје, во Македонија. Живеат над 100 жители на 1км2.

Просечната надморска височина на котлината изнесува 280 метри, а вкупната површина 290 км2, што претставува околу 30% од вкупната површина на регионот. Оградена е со планините Огражден, Беласица и Еленица. Економски најбогат и најзначаен дел од котлината е Струмичката рамница, потоа доаѓа Подбеласичкиот микро реон или т.н. Подгорот и на крај микро реонот на населените места распределени во подножјето на планината Огражден.

Општина Струмица се наоѓа на западниот и централниот дел од Струмичкиот регион, со површина од 321,89 км2. На исток се граничи со Општината Босилово, на запад со општината Конче, на север со Општината Василево, на југоисток со Општина Ново Село, а на југозапад со Општина Валандово. Ја сочинуваат 25 населени места, со вкупно население од 54676 жители.