Струмица за време Византиската Империја

Тврдината Цареви Кули во Македонската историја

Градот е познат по тврдината Цареви Кули. Тврдината била издигната на еден рид југозападно од Струмица. Интересно, најстарите откритија говорат за живот во оваа област уште пред Римската Империја. Цитаделата е опкружена со варовнички ѕид, издигнат во доцната антика. Акрополисот е разделен од дополнителен внатрешен ѕид. Влезната врата е обележана со две кули од шести век, кои покасно биле реновирани за време на владеењето на императорот Тибериј. Византиски монети кои датираат од дванаесетти и тринаесетти век биле пронајдени во тврдината.

Тивериопол бил важен религиозен центар источно од реката Вардар, бидејќи бил Епископски центар. Бројни цркви посветени на месните маченици биле срушени, како што била онаа посветена на 15-те месни (тивериополски) маченици во близина на тврдината. Над гробовите на мачениците била изградена базилика во времето на императорот Јустинијан I, од која останал само еден дел. Базиликата е мораториум, изграден врз телата на маченици, што е најстариот начин за градење на христијански храм.

Тврдината претставува споменик по повод падот на средновековната Македонска држава  на Цар Самоил во 1018 година.
Цареви Кули
Цареви Кули

Битката на Беласица, близу Струмица - дел од Македонската историја (1014г.)

Исходот од битката на Беласица, близу Струмица (1014г.), против Византискиот император Василие II, била несреќна за Македонскиот Цар. Над 14,000 од неговите луѓе биле ослепени, а на секој 100-ти му било оставено по едно око за да ги води другите кај Самоил. Глетката од ослепените војници била премногу за Самоиловото срце; Самоил умрел од срцев удар во 1014г. во Прилеп.

После Самоиловото владеење следел краток период на тивок пад на неговата Империја.

Со поразот на Самоиловата држава, Охридската патријаршија поминува во ранг на Охридска архиепископија. Одразите на ваквите промени се одразиле на културен и сакрален план. Сето тоа е посведочено во архитектонските сакрални објекти на црквите СВ. Леонтиј, во с. Водоча, СВ. Богородица Елеуса во с. Вељуса и црквата на локалитетот Орта Џамија во Струмица.

Историја за Град Струмица
Струмица за време на Римската Империја
Светите Петнаесет Тивериополски Маченици
Струмица за време на Византиската Империја
Религиозни знаменитости