Струмица за време на Римската Империја

Римјаните го освојуваат градот непосредно по падот на Македонија во 168 год. п. н е. Со доаѓањето на Римјаните во еден период, градот најверојатно го менува името во Тивериопол. Под ова име градот ќе егзистира се до XI век, кога името ќе биде заменето со неговото словенско име - Струмица. Ова всушност ни го зборува и наодот на постамент на скулптура пронајден на локалитетот Орта Џамија, на кој е запишано, дека "Во добар час. градот му постави статуа на својот патрон, великиот Тибериј Клавдиј Менон, за неговата благонаклоност и квалитети".
Римска Бања, с. Бањско
Римска Бања, с. Бањско
Римјаните во нашето подрачје оставиле значајни траги на нивните градежни активности, од кои еден од најрепрезентативните е секако објектот "Доцноантичко термално лечилиште во Банско", кое се наоѓа 12 км југоисточно од Струмица под падините на планината Беласица. Објектот ги користел и сеуште ги користи термално минералните води на изворот Парилог кој се наоѓа педесетина метри југозападно од бањата.

Покрај ова, секако е интересно да се спомене и објектот во самиот центар на градот, т.н. "Мачук", каде се откриени основи на објекти кои припаѓаат на доцната антика.

Историја за Град Струмица
Струмица за време на Римската Империја
Светите Петнаесет Тивериополски Маченици
Струмица за време на Византиската Империја
Религиозни знаменитости