Историја за Град Струмица

Струмичката област е населена уште во 5 милениум п.н.е. Во месноста Ангелци и пошироката околина на Струмица цветала богата неолитска култура , благодарејќи на поволните географско- климатски карактеристики кои овозможиле развој на земјоделско-сточарски заедници. Овие заедници во своите религиски и духовни вредности го почитувале култот кон божицата - мајка, а исто се однесува и на следниот енеолитски период кога метлите односно бакарот, стапуваат на историска сцена. Овој период за разлика од претходниот е турбулентен и затоа културите од полето се преселуваат на повисоки тешко пристпни ридови, како што е ридот Цареви Кули , каде се пронајдени остатоци од енеолитска култура.
Археолошки остатоци
Археолошки остатоци
Цивилизациските и културните етапни развои не стагнираат, туку напротив , продолжуваат да се протегаат и во времето кога се јавуваат првите пишани историски извори. Овде секако треба да биде спомнат податокот за убиството на Деметриј, братот на Персеј, односно синот на Филип V во градот Астраион. Потврди за локацијата на овој град сеуште немаме, но со ископувањата на локалитетот Орта Џамија во Струмица, добивме богати културни хоризонти со мноштво наоди, кои ни укаживаат на засилени активности во градот од тој период. Имено, пронаоѓањето на мегарските чашки, придружувани со наоди на монети на градовите Тесалоника, Пела и Амфиполис доволно зборуваат за карактерот на овој град во период на 3 и 2 век п.н.е.

Струмица за време на Римската Империја
Светите Петнаесет Тивериополски Маченици
Струмица за време на Византиската Империја
Религиозни знаменитости