Фудбал
Ф.К. Беласица
Формиран: 1922 годинаУспеси: 2-ра Југословенска лига, 2 пати вице- шампион на Македонија, освојувач на младински куп 1993 година (3 пати во Финале) секогаш при врвот на мак-фудбалот. Сега е стабилен прволигаш и еден од најдобро организираните клубови во Македонија.
Шеф на стручен штаб: Шефки Арифовски
Тренер: Ристо Анчев- Аџимано
Претседател: Ванчо Таковски
Директор: Митко Марангозов
Секретар: Славе Тимов
Младинци: Околу 250 деца во сите категории (петлиња, пионери, кадети и младинци) Младинските категории се супериорни во младинските лиги во Македонија со многу освоени трофеи.
Тренери на младинските екипи: Тони Атанасов, Тони Ефтимов, Томе Пецев, Митко Каралиски, Звонко Тодоров, Ристо Урдов
Настапува: на градскиот стадион "Младост"
веб страна: www.belasica.com.mk
Прекар: "Кенгури"
Навивачка група: "Ајдуци"
Фудбалскиот клуб Беласица е еден од најорганизираните клубови во државата, со најубав и стадион кој ги задоволува стандардите на Фифа и Уефа со околу 30-тина простории, ресторан, главен терен со прекрасни трибини (едната покриена) со капацитет од 6000 гледачи, и 4 помошни терени- најмногу во Македонија. Истиот игра важна улога во Македонскиот фудбал и претставува непресушен извор на фудбалски таленти. Во моментов во сениорската репрезентација на Македонија играат 4-5 играчи кои потекнуваат од школата на ф.к. "Беласица".
Ф.К. Тиверија
Формиран: во 1923 годинаНастапи: во 1-ва и 2-ра македонска лига во склоп на СФРЈ
По осамостојувањето: 2-ра и 3-та македонска лига, сега настапува во 3-та лига Исток.
Младинци: нема
Шеф на стручен штаб: Југослав Тренчевски
Тренер: Ване Бојчевски
Претседател: Горги Димитриевски
Директор: Иле Панов-Шкуљ
Настапува: на градскиот стадион "Младост"
Прекар: "Ајакс"
Телефон за контакт: 070/253-553
Во последните неколку години фудбалскиот клуб "Тиверија" беше во многу тешка финансиска состојба и на работ на своето егзистирање, но сега работите во клубот се променети, се работи стручно и организирано и од клубот се надеваат на успешна сезона и враќање во 2-ра лига. Во клубот има околу 30-тина фудбалери.