Земјоделство
Земјоделски центар на Македонија
Струмица е центарот на пространата богата Струмичка котлина. Тука се одгледуваат афион, памук, тутун, сусам, кикирики и анасон, ретка земјоделска култура која се употребува за производство на познатиот Македонски пијалок - Мастика. Сето ова дава можност за развој на текстилната и прехранбената индустрија во Струмица.Во Општина Струмица застапени се две клими медитеранска и источно контитентална што резултира со топла семиаридна клима. Летото е долго, среднодневната температура е релативно висока односно 2/3 од годината се карактеризираат со температура повисока од 10ºС.
На овие површини најзастапени се житните (пченица, јачмен, пченка) и градинарските и раноградинарски култури (пипер, домат, бостан, зелка, краставици ,компир и др.). Постојат и 3 поголеми капацитети за преработка на градинарски производи, 4 преработувачки капацитети за мелење на житни култури, едно претпријатие за откуп и ферментација на тутун и околу 40 претпријатија кои се занимаваат со продажба на репроматеријали за земјоделието.
Во Општина Струмица постојат 2 земјоделски пазари за продажба на земјоделски производи на мало и 1 пазар за продажба на земјоделски производи на големо во чиј склоп е и добиточниот пазар.