Основни училишта
САНДО МАСЕВ
Наставата започнала во 1950 година, а во денешните простории школото се наоѓа од 1962 година. Во негов состав влегуваат и подрачните школи во с. Баница и с. Водоча. Во оваа учебна година има запишано 1236 ученика, кои учат во 50 паралелки (3 се забавишта). Во школото има 70 вработени, од кои 58 се во наставниот дел.ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ
Наставата започнала во 1959 година, а од тогаш датира и училишната зграда. Школото порано го носеше името "Моша Пијаде" , а од пред некоја година го носи денешното име. Во моментот овде учат 1200 ученика во 42 паралелки. В о училиштето има в работен о 67 луѓе, од кои 52 се во наставата.НИКОЛА ВАПЦАРОВ
Со настава започнало во 1980 година, а од тогаш датира и зградата на училиштето, каде денес се изведува наставата. Во негов состав е подрачното училиште во Градско Балдовци. Во рамките на училиштето има 40 паралелки, кои ги посетуваат 911 деца. Во училиштето работат 67 луѓе, од нив 52 се во наставниот дел.