Градоначалник на Општина Струмица

Зоран Заев
Зоран Заев
Роден 1974 година во Струмица, основно и средно образование има завршено во Струмица. Дипломирал на Економскиот Факултет во Скопје 1997 година и е постдипломец на студиите по ,,Монетарна економија и финансии,, на Економскиот Факултет во Скопје. Оженет и татко на две деца. Од 1997 до 2003 вработен во Тргопродукт Струмица, каде од 2001 до 2003 е директор на Тргопродукт, член на УО на Штеделница - Пеон од Струмица од 1998 до 2003, член на ОУ на ИГМ - Еленица од 2001 - 2003, Претседател на УО на ЈПКД од 2000 - 2003, од 17 Септември 2003 е пратеник во собранието на Република Македонија. Член на СДСМ од 1996 година и во два мандата член на Претседателството на ОО СДСМ Струмица, од 1996 активно учествува во сите изборни циклуси. Градоначалник на Струмица од 2005 година.