Водоснабдување
Состојбата на постојната водоводна мрежа е релтивно задоволителна. Со средствата од програмата МЕАП ќе се обезбеди водовод до населените места и промена на застарената водоводна мрежа во градот. Во градот на повисоките места вода се обезбедува со пумпни станици. Во фабриката за вода освен вобичаениот процес на обработка на водата за пиење исто така се врши и озонирање на водата се со цел да се обезбеди квалитетна вода за пиење.