Добредојдовте на Strumica.org.mk

Собрание на Општина Струмица
Овој јужен македонски град го добил своето име по јасното ноќно небо покриено со ѕвезди. Имено, заради исполнетото со ѕвезди ноќно небо што ја покрива струмичката котлина, овој град е познат во древноста како Астраион (Ѕвездениот Град), а локалните жители се нарекувале Астраи. Но името не останало за долго, бидејќи градот бил преименуван во Тивериополис, во чест на римскиот командант Тибериј.
По колонизацијата на Славјаните, сепак, градот си го избра своето модерно име Струмица. Има повеќе верзии за причините за ова име. Една од нив е дека името е само Славјански превод од старото име Астраион.
Но повеќето луѓе веруваат дека Струмица била крстена по една прекрасна млада девојка со име Струма. Гробницата на Струма се наоѓа во селото Вељуса. Постојат неколку легенди која всушност била Струма. Една од нив говори дека Струма била сестра на Крали Марко. Друга, пак, тврди дека Струма била ќерка на император а воедно и командант на војската, кој ја проколнал својата ќерка, нејзиното тело да не биде закопано во земјата кога таа ќе умре. Легендата продолжува, такашто Струма била погребувана седум пати после нејзината смрт, но секогаш земјата го "исфрлувала" нејзиното тело надвор од гробот. Затоа, била погребана во ковчег од камен над земјата. И конечно, трета теорија тврди дека подземната гробница датира од времето на Александар Велики.